| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи не дојде на состанокот на Советот на безбедност кај претседателот Иванов

sovet za bezbednost 4 (Custom)

Мендух Тачи не се појави на состанокот на Советот на безбедност кој го свика претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Партијата ДПА ја претставува Имер Алиу, пратеник.

Состанокот на Советот за безбедност почна со минунта молчење, во чест на загинатите полицајци.
Средбата е свикана во поширок состав, освен членовите на Советот, поканети беа и лидерите на СДСМ, На ДУИ и на ДПА.

sovet za bezbednost (Custom)

На седницата на Советот за безбедност, покрај претседателот Ѓорге Иванов, учествуваат премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, министерот за одбрана, Зоран Јолевски, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и членовите на Советот, Флора Кадриу, Насер Сејдини и Вели Креци.
Најавено е по состанокот претседателот Иванов да се обрати до нацијата.

sovet za bezbednost 5 (Custom)

фото: Александар Ивановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top