| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на уште двајца загинати припадници на МВР

11140249_10204346781089391_621326544744311622_n
Љубиша Аранѓеловиќ и Горан Стојменовиќ се последните двајца загинати полицајци во престрелките во Куманово, кои денеска им подлегнаа на повредите по судирот со терористичката група. Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илиевски, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ, Горан Стојменовиќ, Жарко Кузмановски и Ненад Серафимовски се имињата на загинатите бранители.

Премиерот Никола Груевски денеска рече дека загубивме 8 херои, кои заедно со нивните колеги, спречија убиства можеби на 8 илјади луѓе.

-Слава им.Нивниот патриотизам и херојство ќе биде пример и водилка на многу наредни генерации. Нивната жртва нема да се заборави, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top