Сакам да упатам порака дека ова не е македонско-албански судир туку судир на лица кои не и сакаат добро на државата и граѓаните и лица кои ја чуваат државата, уставот, уставниот поредок и безбедноста на граѓаните. Нивното дејство носи штета за Македонците и Албанците во Македонија и регионот – изјави премиерот Никола Груевски во врска со случувањата по терористчлкиот напад во Дива населба во Куманово.
–На лицата чии домови беа оштети заради акцијата на полицијата ќе им биде извршена финансиска надокнада по извршување на проценката. Околу 30 терористи приклешетени од одлучноста и професионалната акција на полицијата по повеќечасовен отпор безусловно се предадоа. Истите се уапсени и ќе бидат изведен пред суд, ќе им се суди пред македонските судови и закони. Засега се пронајдени тела на 14 лица за кои се претпоставува дека се членови на терористичката група и на чие идентификување се работи –изјави Груевски.
Тој потенцираше дека значаен дел од групата се лицата кои неодамна го извршија терористичкиот напад кај Гошинце и информациите укажуваат дека дел се учесници во неколку конфликти досега во регионот и на Блискиот Исток и се сметаат за најопасна терористичка група на Балканот.
–Нивната цел и мотиви се предмет на понатамошна истрага. Едно е сигурно, дека една од нивните цели беше дестабилизација на Македонија. Во текот на борбите постоеше беспрекорна координација меѓу институциите, беше извршена координација меѓу раководствата на полицијата и армијата. Изразувам благодарност до градоначалникот на Куманово за активностите и пораките во текот на акцијата, рече премиерот.
Како што истакна тој, неопходноста и тајмингот беа по претходно прибрани информации и анализи и одлагањето носеше нови ризици.
–Ќе се воздржам од коментар на некои политичари и таканаречени новинари. Да се коментира за професионалноста на учесниците и старешините да се борат за политички поени на грбот на жртвите и ранетите е крајно кукавички чин. Македонија има сила, има сила да продолжи да чекори напред и да напредува, ова нема да ја одврати Македонија од патот кон стратешките цели на државата и граѓаните. Сите кои сакаат да им нанесат зло на државата им препорачувам дека ќе завршат како оваа терористичка група, изјави премиерот.
Премиерот Груевски изрази благодарност до сите кои во тешките моменти понудија или пружија помош, до илјадниците граѓани кои се понудија со помош на директно учество и преземање ризик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст