Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ изрази искрено жалење и сочувство до семејствата на припадниците на полицијата кои во последните 24 часа ги изгубија животите во одбрана на својата земја и терористичкиот напад во Куманово.
-Воедно сакаме да им оддадеме признание на безбедносните сили на Република Македонија за високата професионалност, храброст, и посветеност во извршувањето на своите задачи. Тоа, според официјалните информации, вроди со успешно завршување на акцијата сузбивање на терористичкиот напад и се надеваме во што поскоро нормализирање на состојбите во земјата. Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ им се заблагодарува и на сите граѓани на Република Македонија од сите етнички заедници за зачувувањето на свесноста и присебноста и повикува на натомошно зачувување на мирот и стабилноста во овие исклучително тешки моменти за државата. Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ се надева дека сега кога состојбата е во раце на институциите на државата, терористичките групи се разбиени или заробени, во најскоро време ќе бидат разјаснети и расчистени причините и последиците кои придонесоа до ваков вооружен инцидент – стои во соопштението на ГРОМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст