| четврток, 6 декември 2018 |

Борбата во Куманово траела 28 часа

Several police officers injured in Kumanovo shooting

Борбата на единиците на МВР со терористите непрекинато траела 28 часа, изјави Никола Груевски на денешната прес-конференција во Владата на Република Македонија.

– Македонската полиција составена од полицајци од сите етнички и верски групи, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи изведе високопрофесионална и херојска акција со која успеа да ги неутрализира терористите кои планираа масовни убиства со цел дестабилизација на државата. За жал, осумина полицајци ги забубија животите. Изразувам длабоко сочувство за нивните семејства, колеги и пријатели. Нивниот патриотизам и херојство ќе биде пример и водилка на многу наредни генерации. Нивната жртва нема да се заборави. Ранети и повредени се уште и 37 други полицајци – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top