Заврши вооружената престрелка кај Куманово меѓу терористичка група и припадниците на македонските безбедносни сили.
Од МВР информираат дека македонската полиција разби една од најопасната терористички групи на Балканот.
Портпаролот на МВР Иво Котевски истакна дека терористите почнале да влегуваат во земјава на почетокот на месецов за во средината на мај да почне терористички напади на цивилни објекти.
Сузбиена е терористичката група која имала три организатори во нашата земја. Во групата од 30-тина кои се предадоа на македонската полиција се и тројца од организаторите.
Полицискиот увид се уште трае. Се бараат докази, но и тела на уште убиени терористи.
Засега се забележани 14 тела на терористите во униформи, но Котевски вели дека не е исклучена можноста во рушевините да бидат пронајдени уште нивни тела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст