| четврток, 6 декември 2018 |

МВР: 14 тела на загинати терористи – тројца од организаторите најверојатно се предале

Several police officers injured in Kumanovo shooting
Акцијата е завршена. Терористичката група во Куманово неутрализирана и елиминирана.Се работи за група инволвирана во повеќе напади низ годините – тврди портпаролот на МВР, Иво Котевски.
Сузбиена една од најпознатите терористички групи. Петмина се организатори, од кои според сомнежите тројца се предале на полицијата. Според сомненијата, лидери на оваа група се озлогласените Мухамед Красниќи таканаречен командант Малишева, Мирсад Ндрецај таканаречен командант НАТО, Сами Укшини таканаречен командант Соколи, Бег Ризај алијас командант Бегу и Деме Шеху, алијас Јунику. Сите петмина се косовски државјани и се доведуваат во врска со формирање на бројни терористички и екстремистички групи во регионот, односно фигурираат како основачи на паравоени структури.

-На лице место се најдени 14 тела во униформи чиј идентитет ќе се открие дополнително. Не е исклучено дека има и други загинати – вели Котевски.

Пронајден е и голем арсенал на оружје кој ќе биде предаден на натамошно вештачење. Предадени се повќе од 30 терористи, главно Македонци. Еден од нив е албански државјанин. Дел од приведените се и претходно гонети. Сосебе немаат лични документи. Групата почнала да влегува на почетокот на месецот, а средината на мај почнуваат со терористички напади.

Утринава се зголеми бројот на полицајци. Осум загинати и 37 повредени е сегашниот биланс. Досега нема пријавено жртви од цивилно население, се работи на терен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top