| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинителство почна постапка за приведените во акцијата во Куманово

Three police officers injured in Kumanovo shootingПо полициската акција во Куманово за разбивање на терористичка група Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против определен број лица, за „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

– Во врска со настаните во Куманово, што се случија при спроведување на полициската акција, МВР до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против определен број лица, за сторено кривично дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ по чл. 313 од Казнениот законик, соопшти Обвинителството.

Оттаму посочуваат дека по примената кривична пријава ги преземаат сите потребни истражни дејствија согласно закон и оти дополнително ќе ја известат јавноста за преземените дејствија, кои, како што се посочува во соопштението, во интерес на истрагата, во моментов не може да ги сподели.

Акцијата започна вчера рано изутрината. Во неа загинаа осуммина полицајци, а над триесет се повредени. МВР соопшти дека дел од припадниците на групата се приведени откако се предале на полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top