Од она што се говори помеѓу повредените полицајци кои вчера беа хопитализирани поради повреди од акцијата на МВР во Куманово за сузбивање на терористичката група е дека веднаш по извршената медицинска интервенција побарале да се вратат во Куманово и да продолжат со дејствата на терен.
Нивниот морал бил на исклучително високо ниво и тие побарале да бидат дел од акцијата и да им се приклучат на своите колеги.
Тие велат дека колегите од албанска националност биле рамо до рамо со нив. Активно биле вклучени во борбата со наружаната терористичка група. Воедно, за еден припадник на безбедносните сили од албанска националност е потврдено дека го загубил животот во борбата со вооружените групи во Куманово. Се шпекулира дека меѓу осумте загинати полицајци има уште еден Албанец.
Солидарноста и подготвеноста на полицајците како и нивната пожрттвуваност и професионалност во одбрана на мирот наиде на огромна почит од пошироката јавност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст