| четврток, 6 декември 2018 |

Почесен маратонски круг за ненасилство и во чест на загинатите припадници на МВР

skopski maraton
Иако поради безбедносната ситуација во државата, 11-тото издание на „Скопскиот маратон“ беше одложено, сепак дел од пријавените маратонци се одлучија да испратат порака за ненасилство, безбедност и мир во Македонија, трчајќи еден почесен круг, во чест и на загинатите припадници на МВР, во вчерашните акции во Куманово.

Маратонците, во чии редови имаше и голем број странски државјани претходно пријавени, на дел од улиците во Скопје и на кејот на реката Вардар истрчаа околу 9 километри, единствени, во еден здив, за да на крајот со едноминутно молчење оддадат почит и за загинатите бранители, меѓу нив и поранешниот фудбалер на Вардар, Работнички, Хоризонт Турново и Скопје, 28-годишниот Ненад Серафимовски.

Организаторите на маратонот соопштија дека неизбежно беше одложување на манифестацијата за која беа пријавени на 7.000 натпреварувачи од 50 земји, а дека дополнително ќе биде соопштено кога ќе се одржи годинашново издание на „Скопскиот маратон’’ кое треба да биде најмасовното во историјата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top