Во текот на вчерашната анти-терористичка операција во “Дива Населба“ во Куманово, македонските полицајци откриле и уништиле еден автомобил-бомба, полн со разорен експлозив, потврдуваат извори од безбедносните служби.
Ова ги потврдува оперативните сознанија на безбедносните служби дека дел од планот на терористичката група било и изведување на терористички акции со цел да се предизвикаат што повеќе човечки жртви и паника кај населението, како дел од планот за дестабилизација на државата.
Имајќи во предвид дека во текот на вчерашниот ден беше планирано да се одржи фудбалскиот натпревар Шкендија-Вардар, а за денес беше планирано одржување на Скопскиот маратон, како и фактот дека недела во Куманово важи за пазарен ден, повеќе од оправдано е дејството на безбедносните сили за разбивање на терористичката група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст