| четврток, 6 декември 2018 |

Разбиено последното терористичко упориште – терористите планирале напад на пет полициски станици

Several police officers injured in Kumanovo shooting
Терористите имале за цел синхронизирано да нападнат пет полициски станици во Зајас, Кичево, Гостивар, Тетово и Куманово. Во Куманово состојбата сè уште не е стабилизирана, но се намалува интензитетот на престрелките. Неофицијано, полицијата го разби и последното терористичко упориште. Во тек е претрес на сите куќи во населбата Дива населба.

Според неофицијални информации, убиени се 15 терористи.

Синоќа, министерката за внатрешни работи соопшти дека 20 лица од терористичката групација се приведени. МВР денеска врши анализа за нивната инволвираност во ситуацијата, а ќе им бидат направени и парафински ракавици.

Двајца припадниц на безбедносните сили хоспитализирани на скопските клиники, утрово ум подлегнале на повредите. Со тоа, бројот на загинати полицајци се искачи на осум.

Повредени полицајци во вооружениот судир се пренесуваа и утрово во Клиничкиот центар кој е под силно полициско обезбедување. Засега над 20 припадници на безбедносните сили се хоспитализирани во Ургентниот центар, како и во болниците “8 Септември” и “Наум Охридски”.

Лекарите и другиот медицински персонал се целосно мобилизирани, а екипи на Итна медицинска помош од Куманово и од Скопје, се на терен заедно со полицијата, за на лице место да им пружат помош на ранетите полицајци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top