| четврток, 6 декември 2018 |

Осум полицајци го загубија животот – Слава им!

Untitled

Уште двајца полицајци ги загубија животите по судирот со терористичката група во Куманово, пренесуваат дел од медиумите повикувајќи се на болнички извори. Од вкупно загинатите осум полицајци, досега е познат  идентитетот на шестмина. Жарко Кузмановски (32) од Брвеница, Сашо Самоиловски (32) од Тетово Ненад Серафимовски (28) од Зубовце, Исамедин Османи, Бобан Ивановиќ и Горан Илиевски. фНеофицијално загинат и втор албански полициски службеник кој учествувал во акцијата против вооружената група.

policajci

Вчера МВР соопшти дека се загинати петмина. Еден од порвредените им подлегнал на повредите, едензагинал утринава, а еден припадник на безбедноснитесили бил пронајден мртов од страна на неговите колеги.UntitledПо акцијата што се спроведува од вчера изутрината во Куманово од претпладнето е мирно. Во акцијата се повредени над 30 полицајци кои се хоспитализирани на скопските клиники.

Претседателот Иванов за попладнево свика седница на Советот за безбедност во проширен состав.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top