| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е политички претставник на терористите во земјава?

Дали е Невзат Халили политички претставник на терористите на Ндрецај?

Гардата на т.н. Република Илирида (ГРИ) како дел од ОНА која што денеска ја презеде одговорноста за нападите во Куманово со своето трето соопштение, има своја политичка фракција во Македонија. Таканаречената гарда која што во ноември минатата година најави дека нејзините војници почнале со патроли во сите места каде што живеат Албанци е воено крило на ткн. Република Илирида.
Тогаш ГРИ објави преку порталот Тетова 1 објави дека „Целта на гардата ќе биде конфронтација со луѓето што ги продадоа националните интереси. Република Илирида заедно со својата гарда сега е реалност и ќе дејствува во согласност со новиот закон, односно привремени закони додека не се реши конечниот статус на територијата во согласност со Женевската конвенција“.
И првото коминике на ГРИ го потпиша човекот што денеска објави дека е извршен напад во Куманово, пишува во коминикето потпишано од генерал М. Хамди Ндрецај-Пантер.

Во Септември 2014 година во Скопје кај споменикот на Скендербег првиот претседател на ПДП Невзат Халили заедно со Ндрецај и триесетина присутни ја прогласија Република Илирида. Халили денеска го немаше во македонските или албанските медиуми со изјава за настаните во Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top