| четврток, 6 декември 2018 |

Не е точно дека е затворена македонско- српската граница

mapa presevo

Граничниот премин  Прешево на македонско-српската граница е потполно прооден  и граѓаните кои сакаат да ја напуштат Македонија, немаат никакви проблеми, изјавија вечерва од Српската амбасада во Скопје за РТС.рс.

“Во еден момент беше јавено дека границата е затворена, но тоа не е точно. Границата е отворена од двете страни, изјави за Танјуг Дејана Ѓукиќ од српската амбасада во Скопје.

Министерството за надворешни работи на Србија вечерва издаде соопштение со кое им препорачува на државјаните на Србија да не патуваат во Македонија од безбедносни причини.  

На оние кои се враќаат од Грција им се препорачува да користат алтернативни патишта преку Бугарија, соопшти српското министерство за надворешни работи. 

За актуелните информации граѓаните можат да се обратат во амбасадите на Република Србија во Скопје, Софија, како и во Генералниот конзулат во Солун.

 Дејана Ѓукиќ од Амбасадата на Република Србија во Скопје за Танјуг изјави дека состојбата во Скопје е мирна  како и во другите делови од Македонија. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top