– Жарко Кузмановски, роден 1981 година во Брвеница, Ненад Серафимовски, роден 1987 во гостиварско, Сашо Самојловски, роден 1982 во Брвеница и уште двајца припадници, се петмината херои што денес ги дадоа своите животи за Македонија – рече министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, на прес конференцијата што се одржа вечерва во Министерството за внатрешни работи
– Во мое лично име, и во име на граѓаните на Република Македонија сакам да им се поклонам, но и да им изразам сочуство на нивните фамилии. Ќе ја паметиме и храброста на сите што учествува во акцијата – истакна Јанкуловска. Според неа, безбедносните сили на Република Македонија, никогаш не се соочиле со потешка безбедносна ситуација.
Како што соопшти таа, во денешната акција 30 припадници се повредени во битката да го заштитат територијалниот интегритет и суверенитетот на Македонија.
– Рамо до рамо се бореа против опасната терористичка група – рече таа.
Како што рече министерката, шестмина од нив биле повредени пред неполн час при чистењето на теренот, откако поголема група терористи одлучиле да се предадат.
Јанкуловска најави дека акцијата ќе продолжи и во текот на ноќта се додека не се предаде и последниот од терористите.
– Терористите сакале да го искористат моментот во кој се наоѓа државата и сакале да напаѓаат државни институции – потенцираше Јанкуловска.
За сериозноста на ситуацијата, според министерката, говори и фактот што терористите пружале отпор и по 16 часа непрекинато пукање.
– Тактички беа добро утврдени и ја нападнаа полицијата со бомби и автоматско оружје , а МВР одговори соодветно на нападите, постапувајќи исклучително внимателно. Отпорот на поголем дел од групата беше совладан нешто по 18 часот. Дваесет лица се предадоа. Истите беа фатени и сликани како ги напуштаат објектите. Со нив ќе бидат направени службени разговори и парафински ракавици и ќе се утврдува нивното учество – рече Јанкуловска.
Како што соопшти таа, во околните објекти имало уште една група што одбвивала да се предаде и ги напаѓала полицајците.
– Во овие престрелки настрадаа нашите колеги. Ситуацијата на терен е сеуште високоризична. Немаме информација за загинати цивили и за жртви на страната на терористите- нагласи таа.
Според неа, терористите се од една од соседните држави и од Македонија.
Таа истакна дека немале прецизна информација за колкаво оружје станувало збор, а за мотивите рече дека сеуште е рано за било какви информации. Јанкуловска рече дека посебен проблем била густата населеност на Дивата населба во Куманово и тоа било пречка за реализацијата на акцијата.
Министерката апелираше до граѓаните да се однесуваат воздржано и да избегнуваат дополнителни провокации и конфликти. Како што рече таа, ризикот на полициските службеници што се на терен сеуште е многу висок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст