| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкулоска: Она што се случува во Куманово е премногу сериозно за користење за политички цели

Several police officers injured in Kumanovo shooting

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска најави дека операцијата во Куманово ќе продолжи сè додека не се сигурни дека и последниот терорист е неутрализиран. Јанкулоска рече дека се работи за исклучително опасна терористичка организација која била закана за државните институции, но и за мирот и стабилноста на земјата, но рече дека во овој момент не би шпекулирала за мотивите на групата.

Таа рече дека вооружената група сакала да го искористи моментот во кој се наоѓа државата и сакала да изврши напади врз државни институции. Напаѓачите користеле автоматско оружје, бомби и снајпери. Јанкулоска рече дека тие биле од Македонија и од една соседна држава. Според неа ова што се случува во Куманово е премногу сериозно за користење за политички цели и ги повика партиите да се воздржат од провокации.

Од МВР објаснуваат дека акцијата започнала околу 5 часот утрово, но наишле на жесток оган, по што како што велат, одговориле внимателно и соодветно на ситуација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top