| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкулоска: Петмина загинати бранители, се уште траат престрелките

Macedonian police engaged in action against alleged armed group, reports say

Пет полицајци ги загубија животите во полициската акција во Куманово: 1981 година е роден Жарко Кузмановски, Ненад Серафимовски 1987, Сашо Самоиловски 1982 и уште двајца припадници на МВР чии имиња се уште не можат да се соопштат се  5-те херои кои ги дадоа животите за Македонија, соопшти Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи. За останатите двајца идентитетот не е соопштен, во тек е известувањето на нивните семејства.

Загинатите полицајци се од Брвеница, Тетово, Зубовце, Гостивар и Штип.  Уште 6 полицајци се повредени вечерва откако поголема група терористи да се предаде, додека се расчистувал теренот.

-Сакам да им се поклонам и да им изразам сочувство на семејствата на овие патриоти кои вечно ќе ги паметиме. Ќе ја паметиме и храброста на оние кои учествуваа во денешната акција, како и на на 30-ината кои се повредени. Покажаа храброст за заштита на Макеоднија, без оглед на нивната етничка или верска припадност. Рамо до рамо се бореа против група која беше закана за Македонија – рече Јанкулоска.

Во моментов се уште трае операцијата на теренот.

– Акцијата ќе продолжи, сè доека не сме сигурни дека и последниот терорист не е неутрализиран – рече Јанкулоска.

Министерката изјави дека нема информација за бројот на жртви од страна на терористите. Досега МВР нема информации за загинати цивили.

Јанкуловска демантираше дека полицијата напуштила било која стратешка позиција. Полицијата не се повлекла ниту од граничниот премин Табановце , рече министерката која што обајсни дека МВР имало информации за утврдените позиции на терористичките групи но дека немало можност акцијата да биде одложена затоа што постоела голема опасност од ескалација односно најверојатно групата можела да нападне стратешки точки во Куманово.

Сите приведени се префрлени во полициски станици за понатамошна обработка со нив ќе се спроведат службени разговори и на сите ќе им бидат земени парафински ракавици. Јанкуловска објасни дека додека не биде завршена целата процедура МВР нема да излегува со податоци за тоа кој од групата приведени можеби бил во контакт со терористите или обезбедувал некаква логистичка помош.
Миннистерката за внатрешни работи изјави дека откако голем дел од едната група која што била добро утврдена се предала МВР ја продолжила акцијата со друга група која што одбила да се предаде и продолжила  жестоко да ги напаѓа специјалците по што потешко се повредени уште 6 полицајци.

Јанкуловски рече дека МВР нема информации за загинати цивили ниту го откри бројот на загинати терористи.

Запрашана за било каква поврзаност со политичката криза во која се наоѓа Македонија министерката рече дека она што се случува во земјата е премногу сериозно и состојбата се уште е високо ризична затоа  што досега македонските специјалци немале потешка операција. Таа апелираше политичките партии да не се обидуваат да ја користат состојбата за добивање на дневно политички поени.

Таа рече дека вооружената група сакала да го искористи моментот во кој се наоѓа државата и сакала да изврши напади врз државни институции. Напаѓачите користеле автоматско оружје, бомби и снајпери. Јанкулоска рече дека тие биле од Македонија и од една соседна држава.

Од МВР објаснуваат дека акцијата започнала околу 5 часот утрово, но наишле на жесток оган, по што како што велат, одговориле внимателно и соодветно на ситуација за да нема цивилни жртви.

Јанкуловска  информира дека членовите на терористичката група пружаат жесток отпор и после 16 часа пукање. Тие ги напаѓаат припадниците на безбедносните сили со гранати, бомби, автоматско оружје и снајпери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top