| четврток, 6 декември 2018 |

Фрчковски, Астеруд, Исмаил излегоа на протест – директно удира по грбот на македонската полиција

СДСМ и денеска, во ситуација кога полициските сили се ангажирани во Куманово во сузбивање на криминално терористичка група организираше протести против македонската полиција.Каролина Астеруд, Љубомир Фрчкоски, Гунер Исмаил се само дел од оние кои и денеска, кога се одвива голема полициска акција во Куманово за апсење на терористичка група, излегоа напротести во Скопје.

frcko  protest 1 (Custom)

По службена должност беа ангажирани полицајци кои го обезбедуваа самиот протест, со што се влијае во намалување на капацитетите на македонската полиција која наместо целосно да се фокусира кон случувањата во Куманово сега мора и да се обезбедува протестот на СДСМ, кој самиот е наменет против полицијата.

СДСМ со ова директно удира по грбот на македонската полиција и ја загрозува безбедноста на државата и граѓаните. Ваквата бесчуствителност е само продолжение на насилните протести кои оваа партија ги организираше во вторникот каде полицајците беа удирани од протестантите со бекатон плочи, стапови, палки, запалени бакли, молотови коктели.

protest 6 (Custom) guner protest 4 (Custom) frcko  protest 5 (Custom) frcko  protest 2 (Custom)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top