| четврток, 6 декември 2018 |

Над 85.000 војници учествуваа на величенствената парада во Москва

­ Околу 85.000 војници од армијата на Русија учествуваа во прославата по повод 70­годишнината од победата во Големата патриотска војна заедно со над 2.000 единици воена техника, соопшти руското министерство за одбрана, јави ТАСС. ­

putin-parada-500

 

– На Денот на победата воени паради се одржаа во 26 градови, а свечени маршови со учество на војници во 150 градови во Руската федерација, се наведува во соопштението на руското министерство.

parada

Најголема беше парадата во Москва, на која учествуваат повеќе од 16.000 војници, над 200 единици воена техника и над 140 авиони и хеликоптери, како и десет парадни групи од вооружените сили на земјите од Заедницата на независни држави и пријателски земји. ­

ruski avioni na parada

 

– По традиција на Денот на победата во сите градови каде се организирани воени паради до 22 часот по локално време ќе бидат извршени почесни артилериски стрелби од над 300 топови и авиони, се наведува во соопштенитео на министерството одбрана.

Според податоците на полицијата во акцијата „Бесмртен полк“ во Москва учествувале над половина милион луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top