| четврток, 6 декември 2018 |

Состојбата во Куманово се смирува, терористите се предаваат?!

Триесетина припадници на терористичката група составена од ветерани на УЧК од Јужна Србија и Косово попладнево почнале да се предаваат на македонските специјалци во Куманово.

Телевизијата Алфа на почетокот на своите вечерни вести објави дека прекинале престрелките во Куманово а по десетина минути и дека членовите на ОНА која што ја презеде одговорноста за нападот во Куманово се предале на МВР.

Сеуште нема инфорации кои биле целите на терористичката група.

ТВ Алфа во текот на своите вести  ја повтори информацијата за предавање на терористите на припадниците на МВР но објави дека нема официјална потврда за тоа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top