| четврток, 6 декември 2018 |

ОБСЕ: Граѓаните и политичките партии да останат мирни

фото: Ѓ. Личовски

фото: Ѓ. Личовски

Мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) упати повик за смиреност и воздржаност по престрелката меѓу македонските полициски сили и вооружена група во Куманово.

– Веруваме дека безбедноста на локалното население од клучна важност. Во постојан контакт сме со надлежните власти и ги повикуваме сите граѓани и политички партии да останат мирни. Во моментов итен приоритет е да се спречи ескалација која би довела до повеќе насилство, пишува во соопштението на Маријан Берец, вршител на должноста шеф на мисијата на ОБСЕ во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top