| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто Заев и СДСМ го одложија најавуваниот митинг на 9-ти мај?

1б

Денеска е денот кога според првоте најави СДСМ требаше да организира голем протест на скопските улици. СДСМ, Зоран Заев и нивните новинари најавуваа голем невиден до сега митинг. Заев тоа го најави претходно и во интервју на порталот Локално.

– СДСМ почна со подготовките на митингот што според првичните информации, треба да се одржи на 9 мај. Тоа ќе биде невиден досега протест , на кој ќе учествуваат сите граѓани и ќе се случи таков политички и народен перформанс, каков што немало досега, најави лидерот на опозицијата Зоран Заев во интервју за Локално МК.

Таков митинг најавуваше и новинарот на опозицискиот „Фокус“ Зоран Димитровски- Жоро како и порталите на СДСМ бриф МК, Либертас и останатите кои дури објавуваа и дел од сценариото кое го замислиле како поставување на шатори и кампување пред институциите.

Но, на митингот во Кавадарци Зоран Заев неочекувано го промени датумот на протестот кој сами го закажаа. Тој митинг иако јавно беше најавуван се одоложи и се презакажа за 17 мај. На 9 мај СДСМ немаше митинг, туку се случи вооружена престрелка помеѓу македонската полиција и криминални структури навлезени во кумановскиот крај.

Останува дилема дали Зоран Заев имал некакви претходни информации за таква вооружена престрелка и создавање на инциденти и зошто неочекувано ги промени датумот на долго најавуваниот протест. Инаку дел од јавноста претходно објавуваа информации дека Заев спроведува сценарио чија цел е дестабилизација и создавање на конфликти.

1л 1м 1р

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top