| четврток, 6 декември 2018 |

Нови пукотници во Куманово

Во Куманово и попладнево повремено се слушаат истрели од огнено оружје од правецот на населбата „Тоде Мендол“. Тој дел на Куманово е блокиран и пристап имаат само возила на полицијата и на Прва помош.

Во останатите кумановски населби сообраќајот се одвива нормално, но е забележливо засилено полициско присуство. Сообраќајот по автопатот од Табановце-Куманово-Скопје се одвива нормално и нема никаков застој.

По акцијата на полицијата во кумановската „Дива населба“ што почна од рано изутрината во Куманово во овој град се откажани најавените манифестации. Трговските објекти во останатите делови на Куманово се отвоени.

Помошникот на министерот за односи со јавноста Иво Котевски предмалку на првата прес конференција за акцијата во Куманово, откри неколку детали за случајот. Повеќе овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top