Македонската гранична полиција се повлекла од границата меѓу Србија и Македонија, по судирот во Куманово, неофицијално дознава српски „Блиц”. На граничните премини се распоредени српски полициски и воени сили. Премиерот на Србија Александар Вучиќ за утре закажа вонредна седница на Бирото за координација на безбедносните служби.
Поради зголемениот ризик од тероризам, на границата со Србија се засилува моќта на српската војска и полиција.
Српскиот премиер, Александар Вучиќ, закажал за утре во 13 часот вонредна седница на Бирото за координација на безбедносните служби за ситуацијата во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



