| четврток, 6 декември 2018 |

Поради инцидентнот во Куманово одложени фудбалски натпревари

ффм

 По утринскиот вооружен инцидент во Куманово, каде дојде до престрелки  помеѓу полицијата и вооружена група, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) веднаш реагираше и донесе одлука да се одложат натпреварите кои требаше да се играат во овој град викендов.
ФФМ на својот веб сајт информира дека се одложени средбите до младинските категории: Милано – Академија Пандев, Академија Пандев – Милано, Ново Лисиче – Ринија и Академија Постолов – Еуроспорт Куманово, како и натпреварите во женска конкуренција, Ас Јунајтед – Победа Куманово и Речица  – Драгон.
Инаку за утре во Куманово на стадионот „Башкими“, закажан е мечот од Првата лига меѓу Шкендија и Вардар, а засега од федерацијата нема соопштение дали и овој меч ќе биде одложен?
Потсетување дека претходно натпреварот од 26.коло меѓу овие две екипи беше одложен поради инцидентот во селото Гошинце.
Доколку ФФМ реши да го одложи овој меч, тогаш, според пропозициите, ќе бидат одложени и сите други натпревари во прволигашката конкуренција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top