Во Куманово моментално е мирно и не се слушаат рафали, нема хеликоптери. Во градот се чувствува тензија, полицијата е на повеќе пунктови, под полна опрема го обезбедува просторот, јавуваат „Сител“ во вонредните вести.
Има полициски пунктови кои контролираат сомнителни возила. Дел од улиците беа затворени, но сега сообраќајот се одвива најнормално.
Блокиран е приодот кон Дива населба на излез од Куманово каде живее население од албанско етничко потекло.
Ситуацијата е мирна и не се слушаат рафали и истрели, велат од Сител, но одвреме-навреме излегуваат полициски возила.
Имало информации дека вооружена група се наоѓа во дива населба и дека по добиените сознанија околу 4:30 часот, полицијата влегла во населбата да ги приведе лицата, по што започнала престрелка.
Кумановци велат дека било страшно, но сега ситуацијата е смирена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


