| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе ранети полицајци, потврдува доктор од кумановската болница

CEi7x_GUkAAVNMU

Четворица тешко повредени полицајци се донесени во кумановската болница, вели  д-р Драган Тасевски за „Плусинфо“. Според доктор Тасевски сите се во тешка состојба.

Според неофицијални информации утрината биле донесени тројца полицајци со прострелни рани од огнено оружје и се испратени во Клиничкиот центар во Скопје. Пред малку е донесен уште еден полицаец, повреден со шрапнел. И тој најверојатно ќе биде пренесен во Скопје.

Сите влезови на Клиничкиот центар во Скопје, пак, се под силно полициско обезбедување на специјалните сили , јавува „Телма“.

Блокиран е главниот влез во болницата, каде што се очекува да бидат донесени петмината ранети во акцијата што утринава околу 4 часот почна да ја спроведува полицијата во потрага по неидентификувана вооружена група која се сомничи дека стои зад нападите на караулата во Гошинце.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top