Рускиот бизнисмен и опозиционер Борис Березовски, кој почина вчера, сметал дека неговиот живот веќе нема смисла. Тоа го изјавил Березовски во неофицијален разговор со руски новинар од „Форбс“ во петокот вечерта.
„Мојот живот веќе нема смисла. Немам желба да се занимавам со политика. Не знам што да правам. Имам 67 години и не знам што треба да правам понатаму, изјавил Березовски неколку часа пред својата смрт пред руски новинар во неофицијален и незапишуван разговор.
Новинарот ветил дека нема да го објавува интервјуто, но ја променил својата одлука по смртта на поранешниот сив кардинал на Кремљ, кој беше во опозиција на актуелниот претседател на Русија, Владимир Путин.
Претходно адвокатот на рускиот бизнисмен најави дека неговиот клиент се самоубил, но тврдењето беше отфрлено од пријател на семејството на Березовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.