Двајца припадници на Армијата на Република Македонија (АРМ) биле повредени во сообраќајна несреќа кога џипот „ланд ровер дефендер“, сопственост на АРМ, денеска од неразјаснети причини се превртел на магистралниот пат Скопје – Гевгелија, кај манастирот „Свети Атанасиј“, соопшти Јавното обвинителство, објави „Мета“.
Повредени во сообраќајната незгода биле возачот на џипот и совозачот, а другите три лица, кои патувале со нив, се пожалиле на набиеници по телото. На повредените лекарска помош им била укажана од Медицинскиот центар во Гевгелија, а потоа биле префрелни на клиниките во Скопје.
„Од страна на надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија извршен е увид на местото, при што се издадени наредби за фотографирање, скицирање на местото на несреќата, вонреден технички преглед на возилото, земање крв на возачот и земени се првично искази од сите учесници во сообраќајната незгода“, стои во соопштението на Јавното обивнителство.
Оттаму додаваат дека воената оперма, која се наоѓала во џипот на АРМ, „по наредба на обвинителот со записник е предадена од страна на Полициската станица – Валандово на службените лица на АРМ“, кои дошле на местото на несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.