| четврток, 6 декември 2018 |

Бен Афлек и Џенифер Гарнер пред развод

бен

Иако седмата година од бракот најчесто се смета дека е кризна, за актерите Бен Афлек и Џенифер Гарнер, кобна би можела да биде десеттата година од бракот.

Како штопренесува „Нејшн инквајер“,42-годишниот актер пред неколку дена бил виден без венчалниот прстен на раката, кој секогаш го носел. Исто така Џенифер својот неодамнешен  роденден го прославиласамо во друштво на синот Самуел додека Афлек, заминал за Канада.

– Бен се обидува да открие што сака од животот и се обидува да го пронајде патот повторно да биде добар сопруг. Тој се обидува повторно да се пронајде себе си и се наоѓа на еден крстопат во животот – открил доброупатен извор за „Нејшнл инквајер“ и додал дека актерот се наоѓа во криза на средните години.

Тој додал дека Џенифер никогаш во целост не му верувала на Бен кој се уште има проблеми со коцката и алкохолот.

Двојката се обидува по мирен пат да ги реши несогласувањата и да госпаси бракот.Тие се заедно од 2004 година, а во бракот добија 3 деца, Виолет, Серафина и Самуел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top