| четврток, 6 декември 2018 |

2.400 луѓе во Шведска направија „лајк“ за Гинис

Повеќе од 2.400 луѓе во градот Лулеја во Шведска се обидоа да освојат нов Гинисов рекорд кога формираа огромен „лајк“ или нам добро познатиот симбол со палецот нагоре од „Фејсбук“, кој го формираа на замрзнато пристаниште.

Овој „мегалајк“ му оддава почест на новата серверска фарма на „Фејсбук“ во Лулеја, кој воедно е прв на оваа компанија надвор од Соединетите Американски Држави. Градот Лулеја е избран поради  својот пристап до обновливите извори на енергија од блиските хидроелектрани, како и поради својата ладна клима за да не се троши дополнителна енергија за ладење на северите.

Овој настан на собирање на жителите за да формираат голем „лајк“ се случил на 75. ден од годината кога, исто така, е прославен растот на популацијата на градот на повеќе од 75.000 жители.

„Палецот нагоре“ е познат симбол од „Фејсбук“, кој означува „ми се допаѓа“, и  е испратен на одборот за Гинисовиот светски рекорд за да се разгледа дали е ова најголемата човечка рака формирана на лед.

Според Гинис, моментално не постои таков критериум како што е „на мраз“. Но, светскиот рекорд за најголема човечка слика на рака е поставен во март 2012 година кога 849 учесници во Сан Хуан постигнале подвиг во славењето на Нестле Пуерто Рико кампања за здрава исхрана.

Шведскиот град, сепак, се надева дека ќе успее да добие признание да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top