| четврток, 6 декември 2018 |

Најевтиниот „мекларен“ досега

Бри­тан­ска­та ком­па­ни­ја за авто­мо­би­ли „Мек­ла­рен“ на Са­е­мот за авто- ­мо­би­ли во Шан­гај го откри сво­јот нов мо­дел ку­пе „540 Ц“

Бри­тан­ска­та ком­па­ни­ја за авто­мо­би­ли „Мек­ла­рен“ на Са­е­мот за авто­мо­би­ли во Шан­гај го откри сво­јот нов мо­дел ку­пе „540 Ц“.

Овој мо­дел ќе се про­да­ва на­се­ка­де низ све­тот и е нај­е­вти­ни­от пат­нич­ки авто­мо­бил што не­ко­гаш го про­из­вел „Мек­ла­рен“.

Ка­ко втор во ни­за­та на но­ва­та Мек­ла­ре­но­ва се­ри­ја спорт­ски авто­мо­би­ли, по мо­де­лот „570 С“, „540 Ц“ ви­зу­ел­но се раз­ли­ку­ва по но­ви­те ае­ро­ди­на­мич­ни ком­по­нен­ти и но­ви­те 19-инч­ни и 20-инч­ни бан­да­жи, кои мо­же да се до­би­јат во две бои.

McLaren-540C-004

Вна­треш­но­ста на авто­мо­би­лот ја кра­сат се­ди­шта­та об­ло­же­ни со ко­жа, де­та­ли­те на вра­ти­те и са­ма­та ин­стру­мен­тал­на таб­ла. Во де­лот на се­ри­ска­та опре­ма спа­ѓа мул­ти­ме­ди­ја­лен си­стем кој се упра­ву­ва со се­ду­мин­чен екран во бо­ја, блу­тут-вр­ска и на­ви­га­ци­ски си­стем.

Во „мек­ла­рен 540 Ц“ цен­трал­но е вгра­ден 3,8-ли­тар­ски би­тур­бо-мо­тор со осум ци­лин­дри, кој ис­по­ра­чу­ва 540 коњ­ски си­ли со обр­тен мо­мент од 540 њутн-ме­три. За пре­но­сот на си­ла­та на зад­на­та оска „Мек­ла­рен“ ко­ри­сти се­дум­сте­пен авто­мат­ски ме­ну­вач пре­ку кој авто­мо­би­лот за­бр­зу­ва од 0 до 100 ки­ло­ме­три на час за 3,5 се­кун­ди, а од 0 до 200 ки­ло­ме­три на час за­бр­зу­ва за 10,5 се­кун­ди.

McLaren-540C-002

McLaren-540C-003

Ма­кси­мал­на­та бр­зи­на из­не­су­ва 320 ки­ло­ме­три на час, а со вгра­де­ни­от си­стем старт/стоп про­сеч­на­та по­тро­шу­вач­ка из­не­су­ва 11 ли­три за по­ми­на­ти 100 ки­ло­ме­три. Еми­си­ја­та на штет­ни га­со­ви из­не­су­ва 258 гра­ма на еден ки­ло­ме­тар.

За раз­ли­ка од мо­де­лот „570 С“, во „540 Ц“ се вгра­де­ни сет амор­ти­зе­ри кои се по­до­бро прис­по­со­бе­ни на се­којд­нев­но­то ко­ри­сте­ње на авто­мо­би­лот, а од ком­па­ни­ја­та истак­ну­ва­ат де­ка те­жи­на­та из­не­су­ва са­мо 1.311 ки­ло­гра­ми, што го пра­ви за 150 ки­ло­гра­ми по­ле­сен од авто­мо­би­ли­те на дру­ги­те про­из­во­ди­те­ли во иста­та кла­са. Тоа е до­би­е­но со ко­ри­сте­ње алу­ми­ни­ум и кар­бон, кои го со­чи­ну­ва­ат нај­го­ле­ми­от дел од кон­струк­ци­ја­та на авто­мо­би­лот.

McLaren-540C-005

Со про­даж­на­та це­на од око­лу 175.000, „мек­ла­рен 540 Ц“ и офи­ци­јал­но ста­ну­ва нај­е­вти­ни­от авто­мо­бил што е про­из­ве­ден од бри­тан­ска­та ком­па­ни­ја, ко­ја сво­е­то слав­но име го има стек­на­то со дол­го­го­диш­но­то кон­стру­и­ра­ње бо­ли­ди за Фор­му­ла 1.

Пр­ви­те ис­по­ра­ки на овој мо­дел се оче­ку­ва­ат на по­че­то­кот на след­на­та го­ди­на.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top