Во Македонија во март годинава се издадени 238 одобренија за градење, што е за 5,9 проценти помалку во однос на март лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Најмногу одобренија за градење, 71, се издадени во Скопскиот регион, по што следат Полошкиот со 39 одобренија, Југоисточниот 33, Источниот 30, Југозападниот 25, Пелагонискиот 17, а во Североисточниот регион 8.
Предвидена е изградба на 487 станови со вкупна корисна површина од 34.668 метри квадратни. Најмногу станови, 364, според одбренијата, ќе се градат во Скопје, при што во општина Аеродром е планирана изградба на 208 станови, во Ѓорче Петров 51, во Центар 45, во Карпош 44…
Според вкупно издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.838.874.000 денари што е за 82,3 проценти помалкуспоредено со март претходната година. Намалената предвидена вредност, наведува ДЗС, се должи на фактот дека во претходниот период се издадени одобренија за градење на капиталните проекти за изградба на новите 2 автопатски делници, како и за рехабилитација на дел од железничката пруга.
Од издадените одобренија за градење, 133 (55,9 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 36 (15,1 процен) за објекти од нискоградба и 69 (29 проценти) за објекти за реконструкција. Од вкупно 238 објекти, на 157 (66 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 81 објект (34 проценти) деловни субјекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Марин продолжува со градежни активности кај Мајчин дом, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за мораториум одбиен
-
Облаци прав се креваат од градилиштето во Острово, каде следно ќе се гради?
-
Помалку се гради: Во февруари се издадени 177 градежни дозволи!
-
Француски градежен гигант не сака да го гради ѕидот на САД со Мексико