| четврток, 6 декември 2018 |

Што сака да ни каже Кремљ

Вто­ро­то со­оп­ште­ние за јав­ност што за три ме­се­ци дој­де од Кремљ, а се од­не­су­ва ди­рект­но на Ма­ке­до­ни­ја, го­во­ри мно­гу за на­чи­нот на кој во пос­лед­но вре­ме Ру­си­ја ја до­жи­ву­ва Ма­ке­до­ни­ја. По­ра­ки­те што пре­ку со­оп­ште­ни­ја­та за пе­чат ни ги ис­пра­ќа ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Пу­тин се мач­ка во вре­ќа. Зем­ја­та што на Ср­би­ја, сво­јот нај­го­лем со­јуз­ник на Бал­ка­нот, пред не­це­ла го­ди­на ѝ нај­а­ви пре­кин на ис­по­ра­ка­та на гас по­ра­ди неп­ла­те­ни­те сто­ти­на ми­ли­о­ни евра (за Ру­си­ја смеш­ни па­ри) за по­тоа да ја вне­се во „Тур­ски­от тек“, се­га за прв­пат тол­ку ди­рект­но се ин­вол­ви­ра во ма­ке­дон­ски­от слу­чај. И ис­пра­ќа по­ра­ки

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Пр­ва­та по­ра­ка е до ма­ке­дон­ска­та вла­да. Таа не е ни­ту за­ка­на ни­ту ве­ту­ва­ње. Ру­ски­те дип­ло­ма­ти, во име на Пу­тин, на Гру­ев­ски му нај­а­ву­ва­ат де­ка до­кол­ку се спро­ве­де про­е­ктот „Тур­ски тек“ пре­ку Гр­ци­ја, Ма­ке­до­ни­ја, Ср­би­ја сѐ до Ун­га­ри­ја, Ма­ке­до­ни­ја ќе мо­ра да доз­во­ли Ру­си­ја да го шти­ти сво­јот про­ект вре­ден сто­ти­ци ми­ли­јар­ди евра. Во тој слу­чај, Ру­си­ја не­ма да доз­во­ли ус­пе­хот на нај­но­ва­та ру­ска енер­гет­ска пе­не­тра­ци­ја да за­ви­си од ко­го би­ло, од по­ли­тич­ки­те со­би­ти­ја во Ма­ке­до­ни­ја, од нај­а­ви­те за обе­ди­ну­ва­ње на Ал­ба­ни­ја, Ко­со­во и на Ма­ке­до­ни­ја, од аме­ри­кан­ска­та амбaса­да во Скоп­је или од Стејт де­парт­мен­тот во Ва­шин­гтон, Бу­га­ри­ја или од кој би­ло друг фа­ктор.

При­тоа се по­драз­би­ра де­ка Гр­ци­ја и Ср­би­ја ка­ко актив­ни парт­не­ри на Ру­си­ја и на Ма­ке­до­ни­ја во про­е­ктот на де­це­ни­ја­та не се сме­та­ат за проб­ле­ма­тич­ни, а во исто вре­ме овие по­ра­ки ва­жат и за нив. Пу­тин, ед­но­став­но, не мо­же да си доз­во­ли га­со­во­дот пре­ку кој до за­пад­на Евро­па ќе но­си гас, а на­зад ќе пум­па па­ри во ру­ски­от бу­џет, да би­де не­ста­би­лен. Ма­ке­дон­ски­те вла­сти мо­ра да зна­ат де­ка ова е пр­во пра­ви­ло во го­ле­ми­те енер­гет­ски игри. Ка­ко што за не­ус­пеш­ни­от аме­ри­кан­ски на­фто­во­ден про­ект АМБО пред де­се­ти­на го­ди­ни се ба­ра­ше тра­са што не­ма да ми­ну­ва пре­ку „не­ста­бил­ни­те“ ре­ги­о­ни во се­ве­ро­за­пад­на Ма­ке­до­ни­ја и во Пре­шев­ска До­ли­на та­ка и се­га тра­са­та, ка­де и да ми­ну­ва, ќе мо­ра да би­де со­од­вет­но обез­бе­де­на. За таа цел, до­кол­ку про­е­ктот ста­не ре­ал­ност, има­ат ни­за ме­ха­низ­ми што ќе ги иско­ри­стат за обез­бе­ду­ва­ње на га­со­во­дот. Ру­ски­от цен­тар за во­нред­ни си­ту­а­ции ста­ци­о­ни­ран во Ниш, ка­де што за­се­га се сме­сте­ни са­мо ру­ски спа­су­вач­ки ти­мо­ви и ави­о­ни за гас­не­ње по­жар, се са­мо дел од опе­ра­тив­ни­те, дип­ло­мат­ски­те, фи­нан­си­ски­те и во­е­но-без­бед­нос­ни­те ре­сур­си со кои рас­по­ла­га Мос­ква.

Пос­лед­на­та по­ра­ка што Ру­си­ја ја ис­пра­ти до ма­ке­дон­ска­та и до ме­ѓу­на­род­на­та јав­ност по ин­ци­ден­тот во ка­ра­у­ла­та кај Го­шин­це е по­ра­ка и за ал­бан­ски­те ра­ди­ка­ли во зем­ја­та и во ре­ги­о­нот. ОНА, АНА, УЧК, УЧПМБ и дру­ги­те во­е­ни фор­ма­ции што се по­ја­ву­ва­ат во име на та­ка­на­ре­че­ни­те ал­бан­ски­ ин­те­ре­си во ре­ги­о­нот тре­ба да би­дат свес­ни де­ка во слу­чај на за­гро­зу­ва­ње на про­е­ктот од нив­на стра­на, ќе си има­ат ра­бо­та со Пу­тин. Се раз­би­ра, не­ре­ал­но е да се пред­ви­ди де­ка при обид на ал­бан­ски ми­ли­тан­ти да го за­гро­зат га­со­во­дот тие би се су­дри­ле со ру­ски ар­ми­ски си­ли, но ов­де по­ра­ка­та е со­се­ма дру­га. За раз­ли­ка од 2001 го­ди­на, ко­га Ру­си­ја сто­е­ше на­стра­на, а Укра­и­на бе­ше таа што ја во­о­ру­жу­ва­ше АРМ, се­га Мос­ква ќе би­де таа што ќе на­пра­ви сѐ за да ѝ по­мог­не на Ма­ке­до­ни­ја да рас­чи­сти со евен­ту­ал­ни­те нас­лед­ни­ци на УЧК.

По­ра­ки­те од Мос­ква стиг­ну­ва­ат и до Ва­шин­гтон. Иа­ко две­те су­пер­си­ли раз­ме­ну­ва­ат ва­кви и слич­ни по­ра­ки, на де­се­ти­ци дру­ги ло­ка­ции, на гло­бал­но ни­во, од Си­ри­ја до Ки­пар, за нас е ин­те­рес­но што са­ка Ру­си­ја да им ка­же на САД за Ма­ке­до­ни­ја. Во отсус­тво на ин­фор­ма­ции за ви­стин­ски­те пла­но­ви на Ру­си­ја во ре­ги­о­нот мо­же са­мо да се прет­по­ста­ви де­ка Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја не е член­ка на НАТО, е отво­ре­на за „осво­ју­ва­ње“ во по­ли­тич­ка и во фи­нан­си­ска смис­ла. Иа­ко Ма­ке­до­ни­ја, за раз­ли­ка од Ср­би­ја, не е не­у­трал­на зем­ја ту­ку е дел од за­пад­на­та во­е­на ко­а­ли­ци­ја иа­ко без фор­мал­но членс­тво, за Ру­си­ја на­ша­та зем­ја е отво­ре­на, пред сѐ, за про­е­кти што но­сат па­ри.

Во отсус­тво на ка­кво би­ло по­ме­сту­ва­ње во пог­лед на при­е­мот во НАТО, Ру­си­ја сме­та де­ка не­ма ни­ка­ква преч­ка да се оби­де да ја вов­ле­че Ма­ке­до­ни­ја во сво­и­те стра­те­ги­ски про­е­кти. Во тие про­ек­ции, нај­ве­ро­јат­но, се во­ди сме­тка и за ин­фор­ма­ци­и­те де­ка ру­ска­та вла­да спро­ве­ла истра­жу­ва­ња на јав­но­то мис­ле­ње, чи­и­што ре­зул­та­ти се дра­ма­тич­но по­и­на­кви од тие што до­се­га ги зна­ев­ме. Шту­ри­те ин­фор­ма­ции за ан­ке­та­та во ко­ја ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни би­ле пра­шу­ва­ни за нив­ни­от став кон САД, ЕУ и кон Ру­си­ја ве­лат де­ка ан­ке­ти­те во кои по­ве­ќе од 90 про­цен­ти се за влез во НАТО се да­леч­но ми­на­то.

До­кол­ку ова не е уште ед­но оби­чно из­вр­ту­ва­ње на свет­ски­те си­ли за вне­су­ва­ње не­мир ме­ѓу ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни, то­гаш и ма­ке­дон­ски­те вла­сти, но и Ва­шин­гтон тре­ба да се пра­ша­ат ка­де е гре­шка­та, иа­ко си­те ве­ќе мо­жат да прет­по­ста­ват за што се ра­бо­ти. Во се­кој слу­чај, отка­ко и Гер­ма­ни­ја се из­јас­ни во ко­рист на из­град­ба на про­е­ктот „Тур­ски тек“ (кон­крет­но за ин­вол­ви­ра­ње на Гр­ци­ја во не­го) ќе би­де ин­те­рес­но кој ќе би­де од­го­во­рот на Ва­шин­гтон на ру­ски­те оби­ди енер­гет­ски да го освои ко­ри­до­рот Бу­дим­пе­шта, Бел­град, Скоп­је, Ати­на.

Во од­бра­на на сво­и­те ин­те­ре­си во Ма­ке­до­ни­ја САД мо­жат да се по­ви­ка­ат на пер­ма­нент­ни­те на­по­ри да ѝ по­мог­нат на зем­ја­та од по­че­то­кот на неј­зи­на­та не­за­вис­ност, мо­же да се по­ви­ка­ат на по­лу­мр­тви­от до­го­вор за стра­те­ги­ско при­ја­телс­тво пот­пи­шан по са­ми­тот на НАТО во 2008 го­ди­на, мо­же во игра да ја ста­ви и су­ма­та од ед­на ми­ли­јар­да евра, кои пре­ку УСАИД и дру­ги вла­ди­ни ин­сти­ту­ции влег­ле во Ма­ке­до­ни­ја во име на по­мош за спро­ве­ду­ва­ње на ре­фор­ми­те. Се раз­би­ра, и САД ка­ко и Ру­си­ја има це­ла па­ле­та јав­ни и тај­ни мер­ки што ѝ сто­јат на рас­по­ла­га­ње, но факт е де­ка во фор­мал­на смис­ла ни­кој во три­а­гол­ни­кот Скоп­је – Ва­шин­гтон – Мос­ква не­ма об­вр­ска, ни­ту за­бра­на за со­ра­бо­тка со друг парт­нер.

Во вре­ме­то ко­га аме­ри­кан­ска­та и ру­ска­та вла­да имаа од­лич­ни од­но­си, мо­же­би ќе не­ма­ше про­стор за страв де­ка ка­кво би­ло приб­ли­жу­ва­ње кон ко­го би­ло од оваа трој­ка е опас­но. Но во си­ту­а­ци­ја ко­га САД ис­пра­ќа­ат во­е­ни ин­стру­кто­ри во Укра­и­на, а Ру­си­ја ис­пра­ќа бом­бар­де­ри ду­ри до Ме­кси­кан­ски­от За­лив, а ко­сов­ски­те ра­ди­ка­ли осво­ју­ва­ат ма­ке­дон­ски ка­ра­у­ли, јас­но е де­ка вла­да­та во Скоп­је ќе мо­ра да ја игра до­се­га нај­те­шка­та дип­ло­мат­ска игра во ко­ја вло­гот е огро­мен, а ри­зи­кот мо­же да се спо­ре­ди са­мо со пер­и­о­дот пред пов­ле­ку­ва­ње­то на ЈНА од Ма­ке­до­ни­ја.

 

(Текст објавен во 139. број на неделникот Република, 1.05.2015)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top