| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец претепан по кавга за навивачки групи

Ноќва околу 02.00 часот, 30-годишниот С.Б. од Скопје, во полиција пријавил дека неколку часа претходно, околу 23.50 часот, на ул.Дане Крапчев  при излегување од возило бил физички нападнат од две непознати маскирани лица. Напаѓачите го  удриле со тврд предмет и со тупаници по што го напуштиле местото.

Еден од осомничените веднаш е пронајден и приведен, а се работи за М.Д.(28) од Скопје.

На распитот во полиција тој изјавил дека причина за физичкиот напад била претходна расправија околу навивачки групи.

Се преземаат мерки за пронаоѓање и на второто лице како и целосно расчистување на настанот по што ќе следи соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top