| четврток, 6 декември 2018 |

Камења и стапови пред седиштето на СДСМ – новинарите бараат да запрат нападите и притисоците врз нив

img20150508_123201

Новинарите денеска пред СДСМ го искажаа својот револт поради насилството врз медиумите. Тие симболично, пред партиското седиште, оставија стапови и камења, и го повикаа СДСМ да запре со притисоците врз новинарите и медиумите, како и физичките напади врз медиумските работници.

img20150508_123233

Во вторникот беше искршен влезот на Радио Слободна Македонија. Следниот ден беше нападната фоторепортерка на Македонската информативна агенција, а потоа беше нападната и екипа на „Сител“. Возилото на „Сител“ беше демолирано, а настрада и снимател. Напад истата вечер имаше и врз уредничката на „Вечер“, Ивона Талевска.

Покрај тоа, новинарите бараат на прес-конференциите на СДСМ меѓу новинарите да не седи и членството на СДСМ, кое реагира на поставените прашања, исвиркува доколку некое прашање не им се допаѓа, навредува новинари.

img20150508_123254 img20150508_123315  img20150508_123355

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top