| четврток, 6 декември 2018 |

Без промени нема промени

Ре­зул­та­тот од ре­фе­рен­ду­мот за Град­ски­от тр­гов­ски цен­тар во Скоп­је ја откри тај­на­та зо­што пар­ти­и­те кал­ку­ли­ра­ат и ги кри­јат ан­ке­ти­те кои, ре­чи­си си­гур­но, се спро­ве­ду­ва­ат на се­кои де­сет де­на од три­те нај­го­ле­ми по­ли­тич­ки пар­тии во зем­ја­та. За опо­зи­ци­ја­та по­ра­зи­тел­но, за вла­ста оче­ку­ва­но - бом­би­те на За­ев не ус­пе­а­ја ни за еден по­ен да го про­ме­нат ими­џот што го има­ат по­ли­тич­ки­те пар­тии кај на­ро­дот

Ре­зул­та­ти­те од ре­фе­рен­ду­мот за ГТЦ го по­твр­ди­ја тоа што со ме­се­ци им е јас­но на до­бри­те ана­ли­ти­ча­ри, ни­ту ед­на бом­ба не мо­же да ја про­бие лич­на­та прет­ста­ва за ре­ал­но­ста на ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни. Таа прет­ста­ва се гра­ди со го­ди­ни, пред сѐ на неа вли­ја­ат лич­ни­те бе­не­фи­ции, ква­ли­те­тот на жи­во­тот во си­те сфе­ри и, мо­же­би нај­важ­ни­от еле­мент, ни­во­то на на­деж што го има­ат гра­ѓа­ни­те. Авто­рот на овие ре­до­ви не­кол­ку го­ди­ни твр­ди де­ка ни­ту ед­на рек­ла­ма на те­ле­ви­зи­ја, ни­ту еден спин, ни­ту си­те ме­ди­у­ми на све­тот, ни­ту ед­но фр­ла­ње ло­па­та на ка­мен-те­мел­ник на отво­ра­ње но­ва фа­бри­ка или цр­ква (џа­ми­ја) не мо­же да вли­јае врз ста­вот на гра­ѓа­ни­те, ка­ко што тоа мо­же да вли­ја­ат лич­ни­от бе­не­фит и при­до­би­вки­те на лу­ѓе­то око­лу вас.

Ние што жи­ве­е­ме во глав­ни­от град или тие што жи­ве­ат во по­го­ле­ми­те ур­ба­ни сре­ди­ни не зна­е­ме ка­кво вли­ја­ние има из­град­ба­та на пат, ма­кар тој бил ши­рок пет ме­три во сре­ди­на ка­де што асфалт не­ма­ло ни­ко­гаш или ка­де што пос­лед­ни­от слој од тој што е ста­вен во 1979 го­ди­на ис­чез­нал пред де­се­ти­на го­ди­ни. Ние што жи­ве­е­ме во сре­ди­на ка­де што се­ко­ја не­де­ла мо­же­ме да гле­да­ме ме­че­ви од Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те во спорт­ска­та са­ла „Бо­рис Трај­ков­ски“ или во но­ва­та са­ла во на­сел­ба­та Ае­ро­дром не мо­же­ме ни да за­мис­ли­ме де­ка из­град­ба на обич­на спорт­ска са­ла мо­же тол­ку мно­гу да за­дол­жи не­ко­го, а тој исто­вре­ме­но да не би­де ни­ту вра­бо­тен во др­жав­на ад­ми­ни­стра­ци­ја ни­ту да е член на пар­ти­ја. До­вол­но е са­мо да ви­ди ка­ко по де­се­ти­ци го­ди­ни игра­ње фуд­бал на ли­ва­ди и на пол­ја­ни не­го­ви­те де­ца спор­ту­ва­ат во спорт­ска са­ла ко­ја, мо­же­би, не е нај­мо­дер­на, но си­гур­но е со­се­ма при­стој­на.

Се раз­би­ра, ра­бо­ти­те се да­ле­ку од иде­ал­ни, ка­ко што е слу­чај со ре­чи­си си­те зем­ји во Евро­па. Оваа вла­да во сво­и­те де­вет го­ди­ни на­пра­ви ни­за гре­шки. Дел од гра­ѓа­ни­те се не­за­до­вол­ни од мно­гу ра­бо­ти во здрав­ство­то, во со­о­бра­ќа­јот, во обра­зо­ва­ни­е­то, но на кра­јот по­втор­но се све­ду­ва на тоа да­ли тие мис­лат де­ка се­га жи­ве­ат по­до­бро од прет­ход­но. Тие што до пред не­ко­ја го­ди­на не мо­жеа со го­ди­ни да дој­дат на ред за опе­ра­ци­ја за ва­де­ње пер­де од око, се­га ко­га вре­ме­то за че­ка­ње за таа опе­ра­ци­ја се на­ма­ли за де­се­ти­на па­ти, си­гур­но де­ка ќе му ги про­стат на То­до­ров си­те дру­ги гре­во­ви, ка­ко што на Ко­це Тра­ја­нов­ски ќе му ги за­бо­ра­ват си­те дру­ги за­бе­ле­шки ко­га во­зеј­ќи се во но­ви и чист авто­бу­си, ќе го ми­нат Скоп­је за три­па­ти по­кра­тко вре­ме од пред не­ко­ја го­ди­на.

 

Шип­та­ри и ка­у­ри

Опо­зи­ци­ја­та се оби­де да по­ен­ти­ра на дел од кон­тро­верз­ни­те из­ја­ви на ви­со­ки­те вла­ди­ни функ­ци­о­не­ри, кои до­пр­ва тре­ба да би­дат по­твр­де­ни де­ка се ви­стин­ски или не­мон­ти­ра­ни. Неј­зи­ни­те ана­ли­ти­ча­ри сме­таа де­ка ако на ау­ди­ос­ним­ка се пу­шти ка­ко еден ми­ни­стер Ал­бан­ци­те ги на­ре­ку­ва Шип­та­ри, ќе го зго­ле­ми гне­вот на нај­го­ле­мо­то мал­цинс­тво во Ма­ке­до­ни­ја и со тоа ќе пре­диз­ви­ка кри­за. Од СДСМ за­бо­ра­ви­ја са­мо ед­но, а тоа е де­ка на ме­сто ка­де што раз­лич­ни за­ед­ни­ци жи­ве­ат со ве­ко­ви не­ма тај­ни што мис­лат и ка­ко се на­ре­ку­ва­ат ед­ни со дру­ги. Ка­ко што не е тај­на и тоа де­ка љу­бо­вта ме­ѓу ДУИ и ВМРО- ДПМНЕ не е при­чи­на за за­ед­нич­ка вла­да.

Ќе из­ла­же­ме ако не­ги­ра­ме де­ка нај­го­ле­ми­от дел од Ма­ке­дон­ци­те ко­га збо­ру­ва­ат ме­ѓу се­бе, Ал­бан­ци­те ги на­ре­ку­ва­ат Шип­та­ри, а Ро­ми­те – Ци­га­ни. Исто ка­ко што Ал­бан­ци­те ги на­ре­ку­ва­ат Ма­ке­дон­ци­те ка­у­ри. Точ­но е тоа де­ка по Охрид­ски­от рам­ко­вен до­го­вор го­лем дел од Ма­ке­дон­ци­те и од Ал­бан­ци­те што на ра­бот­но­то ме­сто се за­поз­наа со по­и­на­кви од нив и ви­доа де­ка и тие се нор­мал­ни лу­ѓе, поч­наа да вни­ма­ва­ат ка­ко ги на­ре­ку­ва­ат во јав­ни­от го­вор, но „на са­мо“ си­ту­а­ци­ја­та не е сме­не­та. Се­пак, тра­ди­ци­ја­та не­гу­ва­на со де­це­нии и со ве­ко­ви не мо­же да се иско­ре­ни бр­зо, па та­ка „шпо­но­ви­те“ (Ал­бан­ци) и „шка­ве­ли­те“ (Ма­ке­дон­ци) во не­фор­мал­на­та ко­му­ни­ка­ци­ја ќе оста­нат при­сут­ни сѐ до­де­ка не дој­дат не­кои но­ви ге­не­ра­ции кои ќе би­дат иму­ни на исто­ри­ско­то на­ци­о­нал­но нас­ледс­тво пре­пол­но со сте­ре­о­ти­пи и со пре­дра­су­ди.

Чуд­но е и тоа што СДСМ не сфа­ти де­ка упо­тре­ба­та на збо­рот „Шип­тар“ од ма­ке­дон­ски­те ми­ни­стри мо­же да би­де про­тол­ку­ва­на по­зи­тив­но од ма­ке­дон­ски­те на­ци­о­на­ли­сти за кои е ли­це­ме­рие што Ал­бан­ци­те ме­ѓу­се­бе се на­ре­ку­ва­ат „Шчип­та­ри“, а дру­ги не сме­ат да ги на­ре­ку­ва­ат та­ка. До­пол­ни­тел­но при­ка­жу­ва­ње ма­те­ри­ја­ли од кои се гле­да де­ка Ал­бан­ци­те се во де­фан­зи­ва пред ми­ни­стри на ВМРО-ДПМНЕ мо­же да го зго­ле­ми ани­мо­зи­те­тот на Ал­бан­ци­те кон Ма­ке­дон­ци­те ге­не­рал­но, но и дра­ма­тич­но да ја зго­ле­ми под­др­шка­та на вла­ста кај обич­ни­те гра­ѓа­ни кои мо­жат да по­мис­лат де­ка оваа вла­да го наш­ла ви­стин­ски­от ре­цепт за со­ра­бо­тка со Ал­бан­ци­те.

На­стра­на тоа што, ако се ана­ли­зи­ра чо­веч­ки и ако трг­не­те од се­бе, ќе сфа­ти­те де­ка се­којд­нев­но во на­ши­от во­ка­бу­лар има­ме збо­ро­ви кои се крај­но не­со­од­вет­ни, но ре­ал­но се ко­ри­стат, а при­тоа нив­но­то зна­че­ње е раз­лич­но од ви­стин­ско­то. Нај­мал­ку де­се­ти­на мои бли­ски при­ја­те­ли или род­ни­ни се­којд­нев­но го ко­ри­стат тер­ми­нот „пе­дер“, а ре­чи­си ни­ко­гаш тој не оз­на­чу­ва хо­мо­се­ксу­а­лец. Кој е тој што ќе ка­же де­ка ба­рем ед­наш во де­нот не ко­ри­сти збо­ро­ви ка­ко пе­дер, де­бел, чо­ве­чи­ња, шип­тар, ци­ган, ка­ур, не­нор­ма­лен, бу­да­ла, лу­дак и де­се­ти­на дру­ги на­вред­ли­ви по­и­ми кои зву­чат не­мо­рал­но, но се ко­ри­стат. Се раз­би­ра, ко­га до­а­ѓа­ат од ви­со­ки др­жав­ни прет­став­ни­ци, зву­чат шо­кант­но и по­ли­тич­ки не­ко­рект­но, но, се­пак, да­ли за тоа ќе сно­сат од­го­вор­ност за­ви­си од гра­ѓа­ни­те, а не од тој што ги пла­си­ра нив­ни­те раз­го­во­ри.

 

analiza139-1-2

 

По­греш­на пер­цеп­ци­ја за по­греш­ни оче­ку­ва­ња

Да за­вр­шам со уште ед­на по­греш­на пер­цеп­ци­ја или по­ли­тич­ка стра­те­ги­ја по­вр­за­на со Град­ски­от тр­гов­ски цен­тар во Скоп­је. По не­го­во­то про­па­ѓа­ње, ло­кал­на­та вла­де­јач­ка гар­ни­ту­ра што го ор­га­ни­зи­ра­ше во­оп­што не се оби­де да да­де ре­а­лен при­каз на при­чи­ни­те за по­ра­зот, ту­ку вед­наш не­кој друг ѝ ста­на ви­нов­ник. По­втор­но вла­ста, за ко­ја од ави­он мо­же­ше да се ви­ди де­ка ќе го иг­но­ри­ра, ста­на ви­нов­ник. Ни­кој од Оп­шти­на Цен­тар не из­ле­зе да ка­же де­ка ло­шо бил пла­ни­ран, де­ка мо­же­би по­греш­но би­ло по­ста­ве­но ре­фе­рен­дум­ско­то пра­ша­ње, де­ка вре­ме­то ко­га зем­ја­та се со­о­чу­ва со те­ро­ри­сти не е баш нај­со­од­вет­но за естет­ско-по­ли­тич­ки аван­ту­ри. На­јед­но­став­но е да се ка­же „вла­ста нѐ мал­тре­ти­ра и при­ти­ска и за­тоа за­гу­бив­ме“. А, гра­ѓа­ни­те гле­да­ат и па­ме­тат, и ко­га ќе дој­де вре­ме да се гла­са на ви­стин­ски из­бо­ри, ќе се за­пра­ша­ат да­ли лу­ѓе што не мо­же­ле да ор­га­ни­зи­ра­ат еден ба­на­лен ре­фе­рен­дум мо­жат да ја во­дат др­жа­ва­та. Нај­страш­ни­те оправ­ду­ва­ња во овој кон­текст беа спо­ред­ба­та на ре­фе­рен­ду­мот за ГТЦ со ма­на­сти­рот „Све­ти Пан­те­леј­мон“ во Не­ре­зи, ко­ја се по­ја­ви на „Фејс­бук“ и, се­ка­ко, спо­ред­ба­та со ре­фе­рен­ду­мот за те­ри­то­ри­јал­на­та по­дел­ба во 2004 го­ди­на. Спо­ред те­о­ре­ти­ча­ри­те на опо­зи­ци­ја­та, и се­га, ка­ко и пред 11 го­ди­ни, ќе се слу­чи исто­то сце­на­рио – опо­зи­ци­ја­та ќе за­гу­би, ама вед­наш по­тоа ќе поч­не дол­га­та ни­за по­бе­ди ка­ко што ѝ се слу­чи на ВМРО-ДПМНЕ. Це­лос­но кар­та­џи­ска ло­ги­ка во ко­ја гу­бит­ни­кот по­сто­ја­но мис­ли де­ка не­ма сре­ќа, а не гле­да де­ка про­тив­ни­кот ги пам­ти кар­ти­те и по­сто­ја­но на­мет­ну­ва но­ви игри. Да се спо­ре­ди со­стој­ба­та со Ки­че­во и со Стру­га од 2004 го­ди­на со изг­ле­дот на ГТЦ е мо­ну­мен­тал­на глу­пост, ко­ја са­мо до­ка­жу­ва зо­што Гру­ев­ски и под ва­ква ка­но­на­да се­ри­оз­ни об­ви­ну­ва­ња и ин­фор­ма­ции сѐ уште е во убед­ли­во водс­тво пред си­те свои про­тив­ни­ци. Да се спо­ре­ди пре­тво­ра­ње­то на Ки­че­во и на Стру­га во гра­до­ви со до­ми­нант­но ал­бан­ско на­се­ле­ние, што ни­ко­гаш во исто­ри­ја­та не би­ло, со про­ме­на­та на изг­ле­дот на ГТЦ е по­ли­тич­ка тра­ги­ко­ме­ди­ја без пре­се­дан. За­стап­ни­ци­те на таа те­за и нив­ни­те ли­де­ри сѐ уште не мо­жат да раз­бе­рат де­ка ет­нич­ко­то пре­кро­ју­ва­ње на два­та то­гаш до­ми­нант­ни гра­до­ви со „ту­ри – пре­ту­ри“ ре­цеп­ти и не­при­род­но­то при­по­ју­ва­ње сел­ски сре­ди­ни со град­ски е ед­на од глав­ни­те при­чи­ни за си­те по­ра­зи што ги пре­тр­пи СДСМ во пос­лед­ни­те 10 го­ди­ни. Уште по­страш­но е што во Ки­че­во, на при­мер, се­га се на власт не­кол­ку ил­ја­ди Ал­бан­ци што со гла­со­ви­те на сво­и­те со­гра­ѓа­ни во Швај­ца­ри­ја, Бел­ги­ја, Ита­ли­ја и во Гер­ма­ни­ја вла­де­ат со ма­ке­дон­ско­то мно­зинс­тво и во са­ми­от град, но и во це­ла­та оп­шти­на. СДСМ, Жер­нов­ски и це­ла­та опо­зи­ци­ја сѐ уште не мо­жат да на­пра­ват раз­ли­ка ме­ѓу ре­кон­струк­ци­ја на еден об­јект и оста­ва­ње­то на це­ди­ло на де­се­ти­ци ил­ја­ди Ма­ке­дон­ци во Стру­га и во Ки­че­во без мож­ност да из­би­ра­ат свој гра­до­на­чал­ник. Во по­ли­ти­ка­та не­пре­поз­на­ва­ње­то на бе­сот на на­ро­дот обич­но се пла­ќа, по­не­ко­гаш и на ра­ти.

 

Пишува: Горан Момироски
(Текст објавен во 139. број на неделникот „Република“, 1.05.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top