Дваесетгодишната студентка од Шкотска, Маири Блек стана најмладиот пратеник во Парламентот на Велика Британија, по речиси 350 години.
Блек е најголемото изненадување од гласањето во Шкотска, каде што сепартистичката и национално определаната Шкотска национална партија (СНП) постигна вистински триумф обезбедувајќи дури 56, од вкупно 59 пратенички места од овој дел на Велика Британија, што е најдобар резултат на партијата во 80-годишната истрија на шкотските националисти.
Во изминатата триумфалистичка ноќ за СНП, младата Маири Блек успеа да го совлада, и тоа убедливо, досегашниот министер за надворешни работи на лабуристичката влада во сенка, Даглас Александар, поранешен министер во владата на Гордон Браун, што ги прави нејзината победа и големиот успех на СНП, уште поголеми.
Младата Шкотланѓанка успеа да му се приближи на „апсолутниот рекорд“ што го држи и понатаму најмладиот пратеник во британската и англиската политичка историја, Вториот Ерл од Албермал, Кристофер Монк.
Тој имал само 13 години, кога во 1667 година, станал пратеник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст