Вистинска паника се случувала во авион на една компанија што операрира од македонскиот аеродром. На летот од Западен Минхен до Скопје, вчера околу 15 часот се случил помал инцидент што ги испаничил патниците.
Имено, летајќи кон Македонија, авионот бил зафатен од силни турбуленции по што, како што велат патниците авионот почнал неконтролирано да паѓа.
За среќа, присебниот и очигледно добро обучен екипаж брзо ја исконтролирал ситуацијата и успеал за триесетина минути авионот без никакви проблеми да го приземји во Скопје.
Турбуленциите се редовна појава во авионските летови. Посилните предизвикуваат паника кај патниците бидејќи понекогаш се случува авионот да почне нагло да се спушта, но сепак, пилотите ја имаат контролата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст