| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Се тргна сомнежот од Власта, поддржуваме нова истрага за смртта на Младенов

Nikola-Gruevski-123По две години притисок и пресија врз власта со обвинувања и сомнежи за поврзаност со смртта на новинарот Никола Младенов, денеска Зоран Заев докажа дека власта нема никаква врска со несреќата, рече премиерот Никола Груевски пред малку за вестите на Сител тв.

Околу барањето за нова истрага за сообраќајната несреќа, Груевски и како премиер и како лидер на ВМРО- ДПМНЕ поддржа и повика за нова или дополнителна истрага за нсообраќајната несреќа. Притоа додаде дека во неа по желба на семејството, колегите или опозицијата, може да бидат вклучени сите истанци кои тие сметаат дека би требало да бидат вклучени во истрагата.

Груевски посочи дека нема сомнеж во истрагата и наодите, во кои се наведени и деталите кои Заев денеска ги споменуваше на прес конференција како фискални сметки или гребаница на автомобилот на Младенов, но со цел да се тргнат сите сомнежи, тој повика таа истрага да се почне што побрзо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top