| четврток, 6 декември 2018 |

Поради насилство врз новинарите, дел од медиумите ги спуштија камерите (фото)

kameri 9 (Custom)
Дел од медиумите денеска во знак на протест на насилствата врз медиумите организирани од СДСМ му спуштија камера на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред почетокот на прес-конференцијата. Новинарот Љупчо Златев од телевизија „Сител“ во името на сите новинари што биле нападнати и исвиркани му го предаде Уставот на Република Македонија на Заев.

Ваквиот чекор на новинарите и на снимателите доаѓа откако изминатиов период низа новинари и сниматели се мета на напади од страна на опозицијата или луѓе блиски до неа.

Во текот на вчерашниот ден беа нападнати главниот и одговерен уредник на „Вечер“ и заменик-главен уредник на телевизија „Сител“, Ивона Талевска, и снимателите на телевизијата од страна на членови и симпатизери на опозицијата кои вчера протрестираа пред Собранието. Воедно, Радио Слободна Македонија беше демолирано од страна на демонстрантите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top