| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на „Ги најдов во длабокото“ во МКЦ

Во петок, на 8 мај , во Галеријата МКЦ со почеток во 20 часот, ќе се случи промоцијата на книгата „Ги најдов во длабокото“, дебитантска збирка раскази на Симона Јованоска, во издание на „Или-или“. Сугестивните приказни што понираат длабоко во тајните на човекот ќе ги претстави Љубиша Сулимановиќ, за книгата ќе зборува Владимир Мартиновски, а музичка поддршка ќе биде Предраг Богдановски. Збирката содржи 41 раскази пишувани во период од неколку години.

unnamed (6)

Илустрацијата на корицата ја изработи Марија Смилевска, дизајнот е на „Бригада“, а книгата излезе со финансиска поддршка на Министерството за култура на Македонија.

Симона Јованоска е родена 1985 година во Гостивар. Збирката раскази „Ги најдов во длабокото“ е нејзина прва книга. Живее и работи во Скопје.

„Читајќи ги фантазмогоричните прози во збирката ’Ги најдов во длабокото‘, читателот цело време има чувство дека плови во длабоки води: во непрегледните длабочини на ликовите од расказите, но и во сопствените длабочини“, вели Владимир Мартиновски во поговорот на книгата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top