Шпанската принцеза Кристина, која во 2014 година е обвинета за соучесништво во затајување данок и перење пари, добила наредба да му достави на судот листа од својот имот, кој ќе биде блокиран со цел да се обезбеди кауцијата од 2,7 милиони евра.
Судот во Палма де Мајорка ѝ дал рок на 49-годишната принцеза, инаку сестра на кралот Фелипе, до утре попладне да му достави листа од имотот со кој таа располага.
Потоа судот ќе одлучи дали вредноста на пријавениот имот го обезбедува износот на кауцијата, благодарејќи на кој принцезата се наоѓа на слобода по судењето, а по што ќе биде покренат процес за блокада.
Недвижностите кои ќе ги пријави принцезата Кристина нема да ѝ бидат одземени, но нема да може да ги продаде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Прогресивниот данок ќе придонесе за праведно општество во Македонија
-
Земјите на ЕУ губат 150 милијарди евра годишно од неплатен ДДВ
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
Коморите контра власта: Не е погоден момент за воведување прогресивно оданочување на личниот доход



