Сега сме во можност на своите деца да им платиме часови по брејкденс, пишување графити, качување по сѐ и сешто сметајќи дека на децата покрај спортот сме им пружиле и контролирана доза на креативна деструктивност, која толку многу им е потребна. Логичниот редослед на настаните е дека за некоја година ќе имаме школи за панк, блеј воркшоп, или шверц курс за најмладите, пишува босанска „Бука“.
Мобилните и црешите
– Пролетно училиште за крадење цреши, звучно име, кое кај родителите разбуди емоции и помогна да ги донесат своите деца на овој симпатичен курс. Црешите како во земја да пропаднаа, а и тоа малку што ќе роди, децата немаат кога да го наберат. Младите родители во почетокот на 21 век, меѓу кои спаѓам и јас, многу се преплашени од своите родители, за кои некогаш одговорно тврделе дека се зентари.
Децата денес се во толку неповолна ситуација што немаат можност дури ни да се искрадат, а не пак нешто безобразно да направат. Па, замислете ја само ситуацијата: се наоѓате на дрво, кинете цреши, ја полните устата, џебовите, дланките… И токму во таа прилика ви ѕвони мобилниот телефон. Ви се јавува мама и прашува: Каде си?! А порано беше. Каде беше?!
Порано имаше време за смислување на одговор на толку глупаво прашање, на пат од црешата до дома.
Намќорести сопственици на цреши
Секогаш се прашував зошто само намќорите во својот двор имаа цреши. Секогаш една, осамена и полна со слатки плодови. Интересно беше дека го знаевме распоредот на сите цреши во крајпт. Црешите секогаш се јадеа брзо, пред крај се полнеа џебовите и маиците, а се се завршуваше со бегање… Бегавме од сопственикот. Имавме чувство дека црешата е во заробеништво и дека ние јадејќи ги, на некој начин ги спасуваме од тој злотвор. Искусните сопственици на забранетото овошје во време на зреење своите кучиња ги пуштаа по дворовите, а тие совесно патролираа. Тие помалку искусните, ги садеа црешите покрај оградата, па дури и не знаеја како се чува цреша и дрвото им беше обрано и пред рокот.
Искуствата на храбрите
Ви ги пренесувам искуствата на храбрите од времето кога црешите беа ин.
– Се сеќавам дека една летна ноќ, другарка ми нејзиниот брат и јас тргнавме да крадеме цреши од дворот во соседството. Некој наиде, во брзина искршивме гранки, но успеавме да побегнеме. Најсмешно беше тоа што јас бев многу исплашена, бидејќи мислев дека ќе дојде полиција и дека ќе земе отисоци од дрвото и ќе открие дека ние сме краделе цреши. Не чекав тоа да се случи, туку веднаш им кажав на родителите… Некои големи проблеми немаше, бидејќи бев мирно дете, но сепак некогаш бегав околу масата, за да избегнам по некоја шлаканица…
– Бевме клинци. Во тоа некое време имаше многу деца по улиците во мојот град и одлично се забавувавме… Во соседството имавме една убава цреша, но сосетката беше и се уште е многу опасна. Постојано не бркаше со украдените цреши, додека ние во брзина ги кршевме гранките и бегавме кој каде може, со смеење и врискање. Колку и да ја кршевме и киневме, се качувавме по неа и скокавме околу неа, црешата секоја година стануваше се поголема и побујна, со фантастично големи и слатки цреши. Ништо не и пречеше… Сосетката, вечно бесна, трчаше од врата до врата и се жалеше на нашите родители дека и ги крадеме црешите… намќор! Една наредна година тие се одлучија да ја заградат бавчата со бодликава жица, која не можевме да ја прескокнеме, бидејќи беше високо поставена, ниту пак можевме да се протнеме под неа, бидејќи ризикот при бегање би бил преголем, така ќе не фатеа. Таа година, црешата се исуши.
И за крај, ви пренесувам една мисла, на која налетав додека го пишував овој текст: – Порано децата на соседите им крадеа цреши, а денес им крадат безжичен интернет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст