Левичарски и десничарски организации планираат да организираат протести во Виена во втората половина од овој месец кога во главниот град на Австрија ќе се одржи „Евровизија“.
Под мотото „Денови на хаосот – освојувајте улици, окупирајте го градот, креирајте анархија“ од оваа недела на повеќе интернетски форуми се повикува на левичарски аксионизам.
Една панкерска група, која смета дека е отстранета од улиците на градот поради „Евровизија“, планира на 14 мај во паркот на дворецот Шенбрун да организира излет со пиво, со што ќе почнат Деновите на хаосот. Планираните вкупно 12 дена хаос се објаснуваат со тоа дека има намера на Виена да ѝ се дадат 12 поени.
Бидејќи зад оваа акција не стои ниту една организирана група, полицијата „опуштено“ ги дочекува активистите.
Поголемо внимание полицијата им посветува на планираните протести на десничарскиот блок на денот на финалето на „Евровизија“, 23 мај. Собирот ќе се случи околу салата „Штахале“, каде што ќе се одржи настанот, под мотото „Против декаденција и уривање на вредноста“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија