| четврток, 6 декември 2018 |

„Хуриет дејли њуз“: САД отворено против „Турски тек“

john-bass-2

Во моментот кога сите сојузници во НАТО дискутираат за начини за борба против руската закана во Евроазија и во Црно Море, договор на Турција за гасовод може само да ги засили аргументите на тие што го ставаат под знак прашалник членството на оваа земја во НАТО, пишува турскиот весник „Хуриет дејли њуз“.

Оваа теза, според весникот, многу отворено била поставена од Вашингтон, на 4 мај кога американскиот амбасадор во Турција Џон Бас им рекол на дипломатските дописници за Анкара дека САД продолжуваат да веруваат „дека е важно за сите нас да го одржиме економскиот притисок врз руската влада како дел од нашите напори за убедување на руската влада дека е соочена со многу реален избор во Украина“.

– Тоа е избор со кој Русија се соочува и додека го прави изборот, очигледно сите членки на алијансата вклучувајќи ја и Турција ќе продолжи да се соочува со некои економски жртви како резултат на тоа – рекол амбасадорот.

Американскиот дипломат бил многу поконкретен кога станало збор за енергијата.

– Ние силно веруваме дека со провизијата од снабдувањето со енергија, дистрибуцијата на енергија, особено со нафта и гас, не треба да се манипулира заради зголемување на економскиот притисок врз одредени земји. Нашиот пристап кон „Јужен тек“ и нашиот пристап кон кој било можен следен гасовод што ќе го планира „Гаспром“ ќе се гледа низ таа призма и од тој фундаментален принцип. И ние не сакаме да видиме развој на гасната инфраструктура во Европа која ќе ја зголеми зависноста од поедини земји од еден единствен снабдувач – рекол амбасадорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top