| четврток, 6 декември 2018 |

Нападнато и повредено девојче, фотограф за новинска агенција

Девојка е повредена и нападната од еден од насилните демонстранти, откако вечерва првично мирните протести пред Собрание повторно ескалираа, а дел од насилните протестанти ја нападнаа полицијата.

Последните информации од терен говорат дека е нападнато девојче фотограф на една новинска агенција.

Дел од луѓето кои протестираат пред Собранието против наводна полициска бруталност со стаклени шишиња гаѓаат кон зградата на Собрание, тие носат маици или превези преку главите и на секој начин се обидуваат да предизвикаат судир со полициските службеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top