| четврток, 6 декември 2018 |

И вечерва инциденти, полицаец погоден во глава со шише

jajca

Протестот пред македонското Собрание досега течеше мирно и без посериозни нарушувања на мирот, но предмалку почнаа инцидентите.

Поголем дел од демонстрантите го напуштија протестот откако беше соопштено дека истиот е завршен, сепак помала група, очигледно политички инструирана, повторно почна да прави нереди налик на вчерашните, да мава со стаклени шишиња пред Собранието и со јајца кон Законодавниот дом.

Насилните демонстранти најпрво започнаа да фрлаат со јајца кон Парламентот, а потоа и со стаклени шишиња, по што еден од полициските службеници беше погоден со шише во главата. За време на вчерашните насилни протести организирани од СДСМ и СОРОС беа повредени дури 38 полицајци, од кои шест потешко.

Опозицијата денеска конечно се идентификува со протестите, бидејќи во првите редови беше забележано речиси целото раководство на СДСМ предводено од заменик-претседателот на партијата Радмила Шекеринска, генералниот секретар Оливер Спасовски, портпаролот Петре Шилегов и низа други.  

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top