| четврток, 6 декември 2018 |

Почина младиот Зоран од Вевчани, не ја дочека операцијата на срцето

4259887_1429557373.8226

Дваесетипет годишниот Зоран Ѓорѓиевски од Вевчани, починал денес околу пладне при подготовки за операција, пренесува „Курир“.

Младиот вевчанец, за кого Македонија се обедини во хуманиот повики, болуваше од дилатирана кардиомиопатија, болест каде срцето е ослабено и проширено и не може нормално да пумпа крв. Намалената работа на срцето влијае на белите дробови, црниот дроб и другите органи. За неговата операција беа потребни од 300.000 до 500.000 евра.

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) неодамна соопшти дека е одобрено барањето за лекување во странство за Зоран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top